Connect with us

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: ЈУГОСЛАВ ТРЕНЧОВСКИ (АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ)

Академија Пандев со триумфот против Работнички во 31. коло од ПМФЛ стави точка на резултатската криза од пет едноподруго натпревари без победа во домашното првенство. „Пандевци“ стигнаа до повеќе од значаен триумф од 3-1, одлично тактички водени од стратегот Југослав Тренчовски кој, според МАКФУДБАЛ, го носи епитетот – тренер на колото…

„Победивме квалитетен тим. Момците одиграа како што се договоривме, посебно во првото полувреме во кое поведовме со 2-0. Во вториот дел тие беа подобар противник, успеаја да ја намалат негативата на 2-1, имаа и доста шанси но сепак на крајот успеавме да постигнеме гол за конечна победа од 3-1. Навистина ни значеше триумфот во дербито на колото поради лошата серија која ја имавме изминатите пет кола“ – истакнува Тренчовски. 

Академија Пандев веќе утре ги очекува заостанатиот дуел од 24. коло против прилепска Победа, на кој како што вели Тренчовски повторно се оди на победа за да се осигура третото место на првенствената табела.

„Одиме на триумф на мечот против Победа со кој 99% ќе го осигураме третото место на табелата и до крај ќе можеме да се фокусираме едиствено на финалето во Купот. Ни недостасуваат четворица фудбалери, последен кој заработи повреда е Ѓорги Стоилов, но фаворитската улога е на наша страна и се надевам дека ќе стигнеме до трите бода“ – дополнува Тренчовски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови