Connect with us

ЛШ: Матс Хумелс ја однесе Борусија Дортмунд во финалето на „Вембли“ (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд е првиот финалист во Лигата на шампионите откако успеа да го победи Пари Сен Жермен со 0-1 и на реваншот во Париз. Фантастично се бранеа „милионерите“, комплетно беше сопрен Килијан Мбапе, а Дембеле и Гонсало Рамош немаа свој ден.

Матс Хумелс ја испрати Борусија Дортмунд во финалето на „Вембли“ откако погоди со удар со глава по корнерот од левата страна. Тој му побегна на Бералдо и успеа да ја затресе мрежата на Донарума во 50.минута.

ПСЖ немаше среќа, затоа што дури четири пати фудбалерите на Луис Енрике ја погодија рамката од голот, но, сепак, не погодија и во целта.

Реал Мадрид и Баерн Минхен утре на „Сантијаго Бернабеу“ ќе решаваат за вториот финалист и ривалот на Борусија Дортмунд во финалето на ЛШ на 1 јуни на „Вембли“. Интересно е дека „милионерите“ по 11 години повторно ќе играат во финале, и тоа на храмот на фудбалот во Лондон.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови