Connect with us

И Рома и Јуве сакаа победа, но ремизираа во пресметката на „Олимпико“ (ВИДЕО)

Рома и Јувентус одиграа 1-1 во вечерната пресметка на „Олимпико“. Со ова реми, „волчицата“ си го загрозува петтото место на табелата кое води во Лигата на шампионите, со оглед дека во моментов има три бода повеќе, но и два одиграни натпревари повеќе од Аталанта.

Јувентус е на третата позиција, но со само два бода позитива во однос на Болоња. За „старата дама“ тоа е четврто реми во низа.

Ромелу Лукаку во 15.минута донесе предност за Рома, но израмни Бремер во 31.минута од дуелот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови