Connect with us

Џенова освои бод во голеадата на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)

Милан нема победа четири меча во Серија А, а вечерва на „Сан Сиро“ бод освои и Џенова. Голеадата на крајот заврши 3-3.

Ретеги во петтата минута од пенал донесе водство за Џенова, а израмни Флоренци пред крајот на првиот дел.

Во второто полувреме продолжија стрелците во одличен ритам. Екубан повторно донесе предност за Џенова, но израмни Габија во 72.минута.

Само три минути подоцна Оливие Жиру се погрижи за пресврт, но, сепак, Милан не успеа да победи, откако автогол си постигна Малик Тијао.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови