Connect with us

Баер Леверкузен е на чекор да урне рекорд стар повеќе од 60 години

Баер Леверкузен продолжува со извонредната серија без пораз од почетокот на сезоната. Избраниците на Чаби Алонсо вчера го совладаа Ајнтрахт со 5-1 на гостински терен во дуел од Бундес – лигата.

Оваа сезона Баер нема пораз на 48 натпревари, што е рекорд за топ 5 лигите во Европа. Баер Леверкузен има 40 победи и 8 нерешени натпревари.

Притоа, тие го израмнија рекордот за уште поголем подвиг – серија од 48 натпревари без пораз што ја забележа Бенфика меѓу 1963 и 1965 година, која во голема мера беше инспирирана од Еузебио.

На 9 мај, шампионот на Германија, кој предвреме ја обезбеди титулата, ќе се сретне со Рома во вториот полуфинален меч од Лига Европа (првиот натпревар во Рим го доби со 0-2). Избегнувањето пораз во реваншот нема да значи само финале во Лига Европа, туку и нов рекорд.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови