Connect with us

Атлетико Мадрид со триумфот против Мајорка е блиску до ЛШ (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид славеше минимален триумф (0-1) на гости против Мајорка и направи уште еден чекор кон пласманот во Лигата на шампионите. Тимот на Диего Симеоне сега има 67 бода, шест повеќе од петтопласираниот Атлетик Билбао на четири кола до крајот на шампионатот во Ла Лига.

Родриго Рикелме уште во петтата минута ја погоди мрежата на Мајорка, а тоа на крајот беше и конечен епилог на овој дуел.

Мајорка се наоѓа на 16. позиција и има шест бодови позитива во однос на Кадиз кој е во опасната зона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови