Connect with us

Зидан: Баерн? Не, благодарам…

Голем број тренери се поврзуваа(т) со Баерн Минхен, а еден од нив е и Зинедин Зидан.
Легендарниот фудбалер и стручњак кој со Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите и како играч и како тренер, му ја затвори вратата на Баерн кога е тренерската работа во прашање.


Се чини дека Зизу нема само да се реши повторно да работи некаде каде што не оставил белег како играч и често се споменува дека чека работа во француската репрезентација кога на Дидие Дешамп ќе му заврши мандатот.

„Баерн? Благодарам за прашањето, ќе го гледам натпреварот. Се надевам дека Реал ќе победи, но тоа ќе биде тежок и компликуван натпревар”, изјави Зинедин Зидан пред Формула 1 трката во Мајами.

Тој јасно стави до знаење дека нема да го тренира тој клуб следната сезона.

Да потсетиме, голем број тренери преговараа со Баерн, го сакаа Чаби Алонсо, потоа се споменуваше и Ралф Рангник, се споменуваше и Џулијан Нагелсман, но никој од нив не сака да седне на клупата на Баерн Минхен.

На крајот сакаа да остане Томас Тухел да остане на крајот, но и тој одби, откако претходно му беше соопштено дека ќе мора да замине.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови