Connect with us

Коман се надева дека ќе биде подготвен за ЕВРО 2024

Кингсли Коман се врати на тренинзите на Баерн Минхен, соопштија од клубот. Левото крило беше во амбуланта три недели поради повреда на адукторот здобиена против Келн.

Францускиот интернационалец веќе практикува тркачки вежби, а целта му е да влезе во форма за Европското првенство во Германија кое ќе се одржува од 14 јуни до 14 јули.

Доколку Баерн стигне до финалето на Лигата на шампионите на 1 јуни, тој би можел да биде опција за тренерот Томас Тухел. Закрепнувањето од оваа повреда трае меѓу шест и осум недели, а Коман напредува оптимистички.

Оваа сезона Коман настапи на 27 натпревари во сите натпреварувања. Во нив тој за 1736 минути на теренот постигна пет гола, забележа три асистенции и доби еден жолт картон.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови