Connect with us

Арне Слот: Во овој момент не можам да потврдам дека сум нов менаџер на Ливерпул

Холандскиот тренер на Феенорд, Арне Слот, уште еднаш доби прашање за неговата иднина. Познат е фактот дека тој треба да биде наследникот на Јирген Клоп на кормилото на Ливерпул од новата сезона.


Слот призна дека ништо не е официјално во овој момент, но уверен е дека сѐ ќе биде во ред на крајот.

„Ништо не потврдивме во овој момент, тоа го кажав и за холандските медиуми. Сè додека не добиеме нешто потврдено, мислам дека не е фер да зборувам за клубот во кој работам сега или за оној во кој ќе одам“, изјави Слот со насмевка.

„Не сакам да зборувам додека нема ништо официјално. Имам уверување дека тоа ќе се случи, но во моментов нема ништо официјално“, потенцираше Арне Слот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови