Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер, ја обновил повредата поради која беше надвор од теренот, соопштија од клубот. Англичанецот ќе продолжи да се опоравува и во наредните три недели.
Дефанзивецот ќе ги пропушти преостанатите натпревари на „црвените ѓаволи“ во Премиер – лигата, а стручниот штаб се надева дека Мегваер ќе биде подготвен за финалето на ФА Купот против Манчестер Сити на 25 мај.
Мегваер е исто така еден од главните играчи на Герет Саутгејт во селекцијата на Англија, па затоа ќе биде важно дефанзивецот да се опорави што е можно побрзо за да биде дел од составот на гордиот Албион за ЕВРО 2024 година.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski