Connect with us

Томас Тухел од следната сезона на клупата на Милан?

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, од следната сезона би можел да води еден од најдобрите клубови во Серија А, објавија италијанските медиуми. Милан покажува сериозен интерес за привлекување на стратегот кој ќе се раздели со Баварците.

Раководството на миланскиот клуб во Тухел гледа алтернатива на Серџо Консеисао. Доколку пропаднат преговорите со Португалецот, „росонерите“ ќе му ја понудат позицијата на Германецот.
Баерн Минхен во февруари објави дека 50-годишниот тренер ќе си замине на крајот од актуелната сезона.

Баварците ја загубија титулата во Бундес – лигата, но се наоѓаат во полуфиналето на Лигата на шампионите. Во претпоследната фаза од престижниот турнир, противник им е Реал Мадрид, а првиот меч во Минхен заврши 2-2.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови