Connect with us

Челси сака да ја купи ѕвездата на Шахтјор, а во редот се и Арсенал, Сити и Ливерпул

Англискиот премиерлигаш Челси е заинтересиран за потписот на фудбалетот на Шахтјор Доњецк и репрезентативец на Украина, Георги Судаков, пишуваат медиумите на Островот.


Лондонскиот клуб ја разгледува можноста да го придобие 21-годишниот фудбалер претстојното лето. Покрај Челси, во трка за фудбалерот за врска се и Арсенал, Манчестер Сити и Ливерпул.

Во моментов трансферната вредност на играчот од средниот ред се проценува на над 75 милиони евра.

Сезонава Судаков одигра 33 натпревари за Шахтјор во сите натпреварувања на кои постигна девет голови и забележа шест асистенции. Неговиот договор со клубот е до крајот на декември 2028 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови