Connect with us

Тијаго Силва потпиша за Флуминенсе

Бразилскиот прволигаш Флуминенсе објави дека на лето на слободен трансфер ќе го привлече 39-годишниот Тијаго Силва од Челси. Договорот на дефанзивецот со „сините“ од Лондон истекува на крајот од сезоната и јасно е дека нема да биде обновен.

Тијаго Силва по 15 години се враќа во својот роден клуб, откако во 2009 година замина во Милан. Тој ќе потпише со Флуминенсе на две години и ќе го носи дресот со број „3“.

Тиаго Силва ќе му се приклучи на тимот предводен од Фернандо Динис за околу еден месец, откако ќе му заврши договорот со Челзи. Дефанзивецот нема да може да игра за клубот до средината на јули кога ќе се отвори меѓународниот преоден рок.

Со Флуминенсе, тој го освои Копа Бразил во 2007 година и му помогна на тимот да стигне до финалето на Копа Либертадорес во 2008 година. Тиjаго Силва има 97 настапи и девет гола за бразилскиот клуб.

Тој го напушта Челси по четиригодишен престој со лондончани.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови