Connect with us

Барселона го таргетира Дарвин Нуњез како наследник на Левандовски

Шпанскиот гигант Барселона на лето планира голема промена во својот состав и еден од играчите кои ќе бидат жртва во „чистката“ е напаѓачот Роберт Левандовски.

Како замена за Полјакот, раководството на Барселона го таргетира Дарвин Нуњез од Ливерпул. Уругваецот е рекордно засилување за „црвените“, кои за него платија 85 милиони фунти на Бенфика пред две години, но неговата плата е далеку помала од онаа на Левандовски.

Договорот на 24-годишниот Нуњез со клубот е до 2028 година, но од „Енфилд“ се подготвени да се разделат со него.

Уругваецот не сака да го напушти Ливерпул, но извори блиски до него тврдат дека само можноста за трансфер во Шпанија би го натерала да го напушти англискиот клуб.

Барселона долго време е заинтересирана за уругвајскиот напаѓач. Пред четири години Каталонците се обидоа да го купат од Алмерија, но побрза беше Бенфика.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови