Connect with us

Барселона нема да го откупи Жоао Феликс

Напаѓачот Жоао Феликс, кој како позајмен игра во Барселона, на лето ќе го напушти каталонскиот клуб и ќе се врати во Атлетико Мадрид, пренесува „Кадена СЕР“.

24-годишниот фудбалер оваа сезона беше на позајмица во Барса, но раководството на тимот ја одби опцијата да ги откупи правата на Португалецот од Атлетико Мадрид.


Каталонците имаат финансиски проблеми и не можат да си дозволат да купат играч за 70 милиони евра, се вели во информациите.


Жоао Феликс сака да остане кај Каталонците за кои оваа сезона во Ла Лига постигна седум гола и забележа три асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови