Connect with us

Откриена е причината зошто Јувентус не може да го смени Масимилијано Алегри

Поранешниот спортски директор на Рома, Џанлука Петраки, објасни зошто Јувентус нема да го отпушти Алегри и покрај многу слабите игри во последно време.


Алегри е под притисок бидејќи и навивачите сакаат промени во клубот.

„Три години велеа дека ќе замине, а на крајот му го испочитуваа договорот. Мислам дека ќе остане и овојпат, бидејќи има многу богат договор. Ако замине, тоа значи дека Јувентус ќе мора добро да плати , а тоа е тренер кој го чини 7 милиони евра нето годишно“, рече тој.

Би можел и да си замине, но тешко е тоа да се реализира.

„Има еден начин, а тоа е да се појави друг тим или репрезентација, некој кој ќе ги даде тие пари на Алегри, но мислам дека е многу тешко. Мислам дека ќе биде тешко Јуве да остане без Алегри, особено затоа што тоа ќе мора добро да се плати, а дополително и следниот тренер бидејќи нема да донесат било кого“, изјави Петраки.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови