Connect with us

Хермосо го напушта Атлетико Мадрид, можен е трансфер во Интер

Марио Хермосо нема да потпише нов договор со Атлетико Мадрид. Неговиот актуелен договор е до 30 јуни.

Дефанзивецот истражува неколку опции за продолжување на кариерата. Шпанецот се уште не се договорил со ниту еден клуб, но медиумите во Италија откриваат дека е на листата на желби на новиот првак Интер.

Оваа сезона 28-годишниот дефанзивец забележа 40 настапи во сите натпреварувања. Тој постигна два гола, забележа две асистенции и доби 14 жолти картони за 3466 минути на теренот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови