Connect with us

Анчелоти: Лунин ќе биде на голот против Баерн, на Куртоа му треба време да се врати во форма

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, откри дека Андриј Лунин ќе биде на голот на „кралевите“ на полуфиналниот реванш од Лигата на шампионите против Баерн Минхен. Одличниот настап на Тибо Куртоа против Кадиз викендот во Ла Лига ги подгреа шпекулациите дека Белгиецот утре ќе добие стартно место.

Анчелоти истакна дека освојувањето на титулата во Ла Лига нема да ја попречи подготовката на тимот за реваншот против Баерн. Тој призна дека Баерн бил подобриот тим во првиот натпревар, кој заврши 2-2.

„Лунин ќе брани. Планот за играч кој се враќа од толку тешка повреда не го менува само еден натпревар. Тибо беше на теренот против Кадиз бидејќи го достигна натпреварувачкото ниво, а сега ќе има време да се врати во најдобрата форма. Планот нема да се смени поради мечот против Кадиз. Тој одигра добар натпревар, но сепак треба да го достигне своето најдобро ниво.

Во саботата бевме среќни што го добивме нашиот натпревар, а потоа и титулата во Ла Лига. Моравме да ја контролираме нашата радост за да се подготвиме за борбата што ни претстои. Ќе размислиме в четврток како да славиме“, истакна Анчелоти.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови