Connect with us

Трајковски: Не смееме да ја потцениме Малта

Фудбалската репрезентација на Македонија в четврток против Малта го отвора новиот циклус квалификации за ЕВРО 2024 во Германија. Напаѓачот Александар Трајковски вели дека националниот тим мора да се подготви добро за новиот предизвик, а Малта не треба да се потцени.


„Почнуваме нов циклус имаме тешка група, прв противник ни е репрезентацијата на Малта. Во денешниот фудбал нема аутсајдери и во ниту еден момент не смееме да кажеме дека ќе биде лесно. Добро ќе се подготвиме за првиот натпревар, знаеме дека на хартија сме фаворити, но ние мора да одиграме на највисоко ниво зошто првиот меч секогаш е многу важен, сакаме да отвориме со победа и во иднина да постигнуваме што е можно подобри резултати”, изјави Трајковски.

„Убаво е да го започнеме циклусот на домашен терен. Се надевам дека навивачите ќе дојдат во голем број. За нас е многу важно да имаме поддршка од трибините, за нас е најважно да играме добро да покажеме дека секогаш даваме максимум и сигурно дека од натпревар во натпревар ќе имаме уште поголема поддршка од навивачите”, дополни напаѓачот на националниот тим.

Секако, приоритет на стартот се трите бода.

„Мораме да одиме на победа, секако дека сакаме да освоиме три бода кои ќе бидат многу важни за нас целта е добро да го отвориме овој циклус и да потоа да продолжиме во добар ритам”, истакна Александар Трајковски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови