Connect with us

Баерн е подготвен за спектакуларна размена со Барселона

Баерн Минхен е подготвен да и го понуди на Барселона, Џошуа Кимих, и пари за Френки де Јонг (26) или Роналд Араухо (25), тврди каталонскиот „Спорт“. Секако, каталонските медиуми истакнуваат дека спектакуларната размена на двајца играчи од средниот ред, еден од најдобрите во светот, би се случила само доколку и играчите ја прифатат.


Договорот на Кимих со Баерн истекува во летото 2025 година, каде што е од 2015 година и неколкупати беше негов капитен. Со оглед дека следната година би можел да си замине бесплатно, а сѐ уште не се договорил за продолжување на соработката, Баварците летово би можеле да го продадат. „Спорт“ пишува дека ќе бараат минимум 50 милиони евра.

Доколку не потпише нов договор, Баерн би се обидел да го префрли Кимих во Барселона, а потоа за дополнителна сума да го добие Холанѓанецот Френки де Јонг или уругвајскиот стопер Роналд Араухо.

Де Јонг е холандски фудбалер за врска кој пристигна во Барселона пред пет години од Ајакс. Тренерот Чави Хернандез го гледа како еден од главните играчи, а тој статус го има и во холандската репрезентација за која одигра 54 натпревари и постигна два гола.

Араухо е централен дефанзивец кој претходно играше за Рентистас и за Бостон Ривер во Уругвај, додека во последните шест години е член на каталонскиот гигант. Тој е незаменлив член на составот на Чави. Двајцата имаат договор до летото 2026 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови