Connect with us

Севилја подготвува отказ за Сампаоли

Хулен Лопетеги доби отказ есента, а сега може и Хорхе Сампаоли да го снајде истата судбина, бидејќи Севилја не успеа да направи значаен пробив во Ла Лига. Поразот од Хетафе ја влоши ситуацијата и според последните информации Самполи е пред отказ.


Наводно, прв кандидат за негово замена е Хозе Бордалас, поранешниот тренер на Валенсија, кој најдобро одработи на клупата на Хетафе со кој играше и во Лига Европа.

Се споменува и Хозе Луис Мендилибар, добро познато име во Ла Лига.

Севилја е 14. позиција на табелата со 28 бода и има само една победа во последните пет натпревари.

Без разлика што Севилја се пласираше во четвртфиналето на Лига Европа, каде ќе ги одмери силите со Манчестер Јунајтед, раководството нема голема доверба во работата на Сампаоли и не е невозможно оваа пауза да ја искористи за финална одлука за смена на тренерот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови