Connect with us

Втора лига: Беса е на чекор до промоција откако одигра „нула“ против Пелистер, десет гола во Тетово

Беса е само на еден мал чекор од пласман во прволигашкото друштво откако одигра 0-0 на домашен терен против Пелистер. Детонит Плачковица победи на гости против Новаци со 0-1 со голот на Лука Трајкоски во 17.минута, па ја одложи прволигашката прослава за Беса за следното коло.

Во Тетово се одигра неверојатен натпревар на кој беа постигнати дури десет гола. Седум од нив во првиот дел, Тетекс водеше со 4-3, но на крајот Арсими победи со 4-6. Емран Рамадани постигна хет-трик, а по еден гол постигнаа Арјадин Цуцули, Албин Рамадани и Суби Мустафа.

Охрид и Каменица Саса ремизираа 1-1 на „Билјанини извори“, а Осогово во финишот дојде до победа од 2-1 против Караорман.

Беласица го совлада Кожуф со 2-0 со головите на Гугуљанов и на Милушев, а Башкими и ФК Скопје ремизираа без голови. Победа и Вардар Неготино поделија по бод играјќи 1-1.

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови