Connect with us

Седлоски: Санта Клара заслужено оди во следната рунда

Македонскиот вицепрвак Шкупи го заврши европскиот пат во Понта Делгада. Португалскиот клуб Санта Клара беше убедлив против тимот на Гоце Седлоски и славеше и во реваншот со 2-0. Карлос во 13.минута и Вилануева во 39.минута ги постигнаа головите за Санта Клара.


„Сакам да му честитам на тимот на Санта Клара за пласманот во следната рунда. Мислам дека на првиот натпревар нашиот тим беше малку исплашен и покажа премногу респект кон тимот на Санта Клара. Исто така мислам дека Санта Клара има многу квалитетни фудбалери, првиот гол во Скопје беше автогол и другите два гола исто така беа по наши грешки. На реваншот направивме некои промени во тимот, им дадовме можност на некои други играчи. Од самиот почеток знаевме дека ќе биде тешко, бидејќи пред нас имавме многу силен противник. Морам да кажам дека сум задоволен од играта на мојот тим, особено во второто полувреме“,
изјави Гоце Седлоски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови