Connect with us

Милан го купува голгетерот на Феенорд

Милан веќе размислува за летниот преоден рок и доведување засилувања, иако сѐ уште не се знае кој ќе биде тренер следната сезона. Клубот од „Сан Сиро“ се обидува да го засили нападот, а еден од кандидатите е одличниот Мексиканец Сантијаго Хименез.


Голгетерот на Феенорд игра одлично оваа сезона и е по вкус на челниците на Милан.

Италијанските медиуми пренесуваат дека агентите на мексиканскиот фудбалер веќе стапиле во контакт со претставниците на Милан.

Наводно, Феенорд за Хименез бара дури 50.000.000 евра, додека во Милан се обидуваат да ја намалат таа сума.

Хименез оваа сезона постигна 21 гол на 29 натпревари, има 23 години, а во Феенорд пристигна во 2022 година од Круз Азул.

Очигледно е дека Феенорд на лето ќе претрпи огромни промени бидејќи заминува и тренерот Арне Слот кој сигурно ќе го преземе Ливерпул.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови