Connect with us

Ристовски: Секогаш може подобро, сега се фокусираме на дуелот со Црна Гора

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра 1-1 против Молдавија во првиот пријателски натпревар во Анталија. Миовски во 45.минута донесе предност за нашиот национален тим, но Молдавците израмнија во финишот од мечот.

Напаѓачот Милан Ристовски вели дека Македонија можеше да стигне до триумф, но требаше подобро да реализира. Простор за подобрување постои веќе за следниот тест против Црна Гора.

“Одигравме добар натпревар имавме контрола, доминиравме во поголемиот дел, но за жал едно наше невнимание примивме гол и на крајот одигравме без победник. Против Црна Гора нè чека тежок натпревар, играме против квалитетна селекција, и за да бидеме конкурентни ќе треба да одиграме на повисоко ниво. Секогаш сум самокритичен и сметам дека може да се даде повеќе на терен. Така требаше да биде и со Молдавија, да постигневме уште некој гол сигурно ќе стигнеме во посакуваната победа“, изјави напаѓачот Милан Ристовски. 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови