Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски е желба на Жозе Мурињо и би можел да пристигне на „Олимпико“ ова лето како замена за повредениот Леонардо Спинацола. Тој ќе паузира најмалку четири месеци, а португалскиот стратег го бара најдоброто решение за негов наследник во претстојната сезона. Неговиот избор е Алиоски, кој е слободен агент откако му заврши договорот со Лидс Јунајтед, тврди италијанскиот „Ил Темпо“.
Алиоски може успешно да ја покрие левата странична позиција, и како лев бек, но воопшто не му претставува проблем да се трансформира и во многу поофанзивен играч по левата страна. Ова му се допаѓа на Жозе Мурињо, како и фактот дека би можел да го потпише македонскиот репрезентативец без да плати отштета. Многу поинаква е ситуацијата со Емерсон од Челси или Рами Бенсебаини од Борусија Менхенгладбах, кои исто така се наоѓаат на списокот на Мурињо.
Roma looking to bring Alioski from Leeds on a free transfer https://t.co/1ig0NzPoVe
— RomaPress (@ASRomaPress) July 7, 2021
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski