Connect with us

Монца го победи Јувентус, а сега се чека на Берлускони – на фудбалерите да им донесе автобус полн со проститутки

Силвио Берлускони (86), сопственикот на италијанскиот прволигаш Монца, на божиќната вечера на клубот им даде контроверзно ветување на играчите. Тој го зеде микрофонот и рече: „Најдовме добар, пријателски настроен тренер кој може да ги мотивира нашите момчиња. Ако ги победите Јувентус, Милан или Интер, јас лично ќе ви донесам автобус полн со проститутки“.


Монца вчера го победи Јувентус во Торино со 0-2 и го престигна на табелата во Серија А. Сега Монца е на 11. место со 25 бода, односно два повеќе од Јувентус, кој беше казнет на почетокот од оваа година со одземање на 15 бодови поради финансиски малверзации.


Берлускони се потсети на ветувањето што го даде на крајот на минатата година. Тоа и самиот го потврди во интервју за „Ла Република“, признавајќи дека автобусот со проститутки бил спомнат и тоа не само еднаш.


„Веќе примив 100 телефонски повици во кои се бараше да си го одржам зборот“, изјави тој.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови