Connect with us

Младите фудбалери декласирани од Грузија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години загуби од Грузија со 2-6 на денешниот шријателски натпревар одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски”.

Селекцијата на Грузија максимално ја искористи нашата лоша игра и на крајот се радуваше на убедлива победа.

Противникот успеа да постигне три гола во воведниот дел и да го реши прашањето на победникот.

Избраниците на селекторот Тони Јакимовски, во продолжението малку ги консолидираат своите редови, постигнувајќи два гола за намалување на предноста на противникот на 2-3.

До крајот на натпреварот следуваше нов пад во играта на Македонија. Нашиот голман уште трипати ја вадеше топката од мрежата. На крајот убедливи 2-6 за селекцијата на Грузија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови