Македонската репрезентација до 21 година ги започна подготовките за пријателскиот натпреварот против Финска кој ќе се одигра во Трнава, Словачка, на 6. јуни. Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Благоја Милевски се соочува со проблеми во составот, откако поради повреда подготовките и контролната пресметка против Финска ќе ја пропуштат Јани Атанасов (Бурсаспор, Турција), Томче Гроздановски (Злате Моравце, Словачка) и Џемал Ибиши (Вардар).
Тројцата фудбалери денеска беа на дополнителни лекарски испитувања, а медицинскиот тим во репрезентацијата потврди дека не се во можност за настап за дуелот со финците. Предводникот на нашата млада репрезентација, Благоја Милевски во составот дополнително ќе вклучи фудбалер(и) од селекцијата до 19 години.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













