Поранешниот македонски репрезентативец Марјан Радески ја имаше својата промовија во ерменскиот клуб Пјуник. Тој е едно од деветте засилувања на Пјуник за претстојната сезона, заедно и со Андре Менсалао, бразилскиот играч за врска кој лани играше во дресот на Шкендија.
Радески е претставен како македонски репрезентативец кој беше дел од Европското првенство, а во досегашните 18 настапи има еден постигнат гол за националниот тим.
Ова е прв интернационален предизвик за него, откако досега во кариерата играше за 11 Октомври, Металург, Шкендија, Академија Пандев и за Шкупи.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski