Connect with us

Македонија У19 со нов предизвик во елитните квалификации – втор ривал е Швајцарија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години денеска (14 часот) го игра вториот натпревар од турнирот за елитните квалификации за ЕП. Избраниците на селекторот Тони Јакимовски загубија од Украина со 0-2 на стартот, па сега ќе имаат шанса за поправен испит против Швајцарците.

Само првопласираната селекција од групата патува на ЕП, па јасно е дека по стартниот пораз младите македонски фудбалери и немаат друг избор освен да тргнат на победа против Швајцарија.

Швајцарците славеа против Летонија со 1-0 во првото коло, на натпреварот кој се одигра на стадионот во Ѓорче Петров.

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови