Connect with us

Македонија У19 ја декласира Саудиска Арабија во Тарагона

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години оствари убедлива победа (4-0) против Саудиска Арабија во пријателски натпревар во Тарагона. Избраниците на Тони Јакимовски, кои се подготвуваат за настап во елитните квалификации за ЕП, беа доминантни на овој дуел.


Мухамед Елмас во 21.минута донесе водство, а Никола Величковски во 33.минута зголеми на 2-0.

Во финишот, Македонија постигна уште два гола. Зенделовски во 83.минута постигна прекрасен гол за 3-0, а конечниот епилог го постави Николовски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови