Connect with us

Кимих: Нагелсман за мене е меѓу Топ 3 тренери во светот

Капитенот на фудбалската репрезентација на Германија, Џошуа Кимих, зборуваше на прес-конференција пред утрешниот пријателски натпревар со Перу. Логично, сепак, голем дел од новинарските прашања се однесуваа на изненадувачката тренерска смена во неговиот клуб Баерн Минхен, каде Џулијан Нагелсман беше разрешен од функцијата.


„Апсолутно разбирам дека ова е жешка тема во моментов. Но, нема потврда од клубот, па не можам и нема да кажам многу за тоа“, изјави Кимих.

„Можам само да кажам дека Нагелсман е исклучителен тренер. Лесно влегува во моите Топ 3 најдобри тренери“, продолжи тој.

„Секако дека информациите за тренерот во вашиот клуб ве преокупираат. Но, тоа не значи дека нема да можам утре да се посветам на натпреварот за Германија“, истакна капитенот на германскиот национален тим.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови