Connect with us

Челси потсети дека е европски првак, пораз за Арсенал (ВИДЕО)

Челси го истури бесот на Саутемптон и славеше со 0-6 на гости. Маркос Алонсо ја отвори серијата голови,а потоа стрелаа и Мејсон Маунт, Тимо Вернер и Каи Хаверц до крајот на првиот дел. Во второто полувреме, Вернер и Маунт постигнаа уште по еден гол.


Арсенал доживеа непријатен пораз (1-2) дома од Брајтон и сериозно си ги загрози шансите за четвртата позиција. Ленардо Тросар во првиот дел го изненади домаќинот, а Енок Мвепу постигна втор гол. Одегард во финишот намали на 1-2, но, сепак, Арсенал остана без бодови од овој дуел.

Лидс Јунајтед славеше против Вотфорд на гости со 0-3, со головите на Рафиња, Родриго и на Џек Херисон.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови