Connect with us

Брегалница додава темпо во Пехчево (ФОТО)

Новиот прволигаш Брегалница се одвои во Пехчево, побегна од штипската жега и се подготвува за враќањето на прволигашката сцена. Тренерот Марјан Секуловски полека додава темпо на тренинзите, а штипјани набрзо ќе почнат и со одигрување пријателски натпревари.

Засега има три нови имиња во составот, двајца странци кои треба да го подигнат квалитетот, како и македонскиот интернационалец Даниел Мојсов кој се врати од Кипар и потпиша за Брегалница. Тој во моментот доби „слободно“ за да заврши некои работи на Кипар и потоа се приклучува на тимот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови