Connect with us

Жижовиќ: Заслужен триумф против Македонија ЃП, сега се фокусираме на куп-дуелот со Тиквеш

Шкупи вчера ја победи Македонија ЃП со 3-1 во 27. коло од Првата фудбалска лига и се израмни бодовно на врвот со Струга ТЛ. Актуелниот шампион денеска е домаќин на Брегалница.


Тренерот на Шкупи, Младен Жижовиќ, изрази задоволство од победата на својот тим и најави дека сега ќе се фокусираат на куп-дуелот против Тиквеш во Кавадарци.

„Требаше да го завршиме натпреварот уште во првото полувреме, бидејќи пропуштивме многу шанси да постигнеме голови. Потоа имавме водство од 1-0 и го постигнавме и вториот гол, но бевме малку нервозни при голот на гостите, но сепак мислам дека беше заслужена победа и сега се фокусираме на следните натпревари кои не очекуваат“, изјави Жижовиќ.

Шкупи не успеа да обезбеди предност (0-0) на првиот полуфинален дуел од Купот против Тиквеш што се одигра на Чаир.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови