Connect with us

Рома извлече бод во Неапол, Аталанта подобра од Емполи (ВИДЕО)

Рома избегна пораз на гостувањето против Наполи и одигра 2-2 откако Теми Ејбрахам постигна гол во 89.минута од натпреварот.

Пауло Дибала ја доведе Рома во водство во 59.минута, но израмни Матијас Оливера шест минути подоцна. Виктор Осимен реализираше пенал за „наполитанците“ во 84.минута, но Ејбрахам не дозволи Рома да загуби.

Аталанта го победи Емполи со 2-0. Марио Пашалиќ од пенал го отвори резултатот во 42.минута, а Адемола Лукман на почетокот на вториот дел постигна и втор погодок за домаќинот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови