Connect with us

Состави ЛШ: Тухел со проблеми во одбраната, во последен момент отпадна и Гереиро

Фудбалерите на Баерн Минхен и Реал Мадрид вечерва се среќаваат во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите.

Тренерот на Баерн, Томас Тухел, мораше да извади послаб состав, бидејќи Матијс де Лихт официјално отпадна по последниот тренинг, а на негово место доаѓа Ким. Исто така, тандемот Лајмер – Горецка не влева голема доверба, а во последен момент, и плус на загревањето отпадна Гереиро, па наместо него во првиот состав е Томас Милер.


Што се однесува до Реал Мадрид, Анчелоти му даде доверба на Начо пред Милитао, а на десната страна е Лукас Васкез кој го замени суспендираниот Дани Карвахал.

Баерн Минхен: Нојер, Диер, Ким, Мазрауи, Лајмер, Горецка, Сане, Мусијала, Милер, Кејн.

Реал Мадрид: Лунин, Васкез, Начо, Ридигер, Менди, Чуамени, Крос, Валверде, Белингам, Родриго, Винисиус.

Натпреварот е закажан за 21.00 часот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови