Connect with us

Ајакс сака да го врати Ерик тен Хаг, но тој има други планови

Челниците на Ајакс веќе го идентификуваа менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, како фаворит за нов тренер на холандскиот гигант.

Пред неколку дена се шпекулираше дека клубот од „Арена Јохан Кројф“ ја разгледува опцијата да го врати стратегот доколку добие отказ од Манчестер Јунајтед, што се чини сѐ поверојатно со оглед на лошите игри и лошите резултати на „црвените ѓаволи“.


Според медиумите во Холандија, Тен Хаг веќе е високо на листата на управата на Ајакс.

Сепак, медиумите на Островот тврдат дека менаџерот на Манчестер Јунајтед и неговиот стручен штаб веројатно нема да сакаат да се вратат во својот поранешен клуб, бидејќи Ајакс моментно е во преодна фаза, а Тен Хаг исто така ќе бара ангажман во една од врвните лиги во Европа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови