Connect with us

Ал-Келаифи го „смрзна“ Реал: Секако дека имам договор со Мбапе, најдобро е тој да остане во Париз

Пред околу три месеци, во февруари оваа година, Килијан Мбапе ја објави својата одлука дека ќе го напушти ПСЖ на крајот од актуелната сезона, по седум години минати во клубот.

На француската ѕвезда му истекува договорот со францускиот шампион, па тој треба да го напушти клубот како слободен играч и ПСЖ нема да добие никакво обештетување за него.

Следна дестинација е речиси сигурно Реал Мадрид. Тоа е јавна тајна и сѐ треба да се финализира во јуни.

Сепак, се чини дека во Париз сѐ уште не се откажуваат од ѕвездата која ја плати околу 180 милиони евра во 2017 година од Монако, што го потврдува и последната изјава на сопственикот на клубот, катарскиот богаташ Насер Ал-Келаифи.

„Имам договор со Килијан Мбапе, но не сакам да ви откривам детали од договорот. Секако дека сакам нашиот играч да продолжи да биде со нас. Тој е најдобриот фудбалер на светот и за него е најдобро да остане дома“, изјави Насер Ал-Келаифи, а пренесува „Беин Спортс“.


Сега се појавуваат многу прашања. Што всушност значи оваа изјава? Дали Килијан Мбапе ќе замине или ќе остане, останува само да почекаме и да видиме.

Интересно е и тоа што постојат реални шанси Килијан Мбапе да се бори за титулата европски првак против Реал Мадрид на крајот на мај. ПСЖ е во полуфиналето на Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд, а Реал Мадрид против Баерн Минхен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови