Connect with us

Аврамовски блескаше за Болуспор, постигна два гола и асистираше во триумфот против Алтај

Македонскиот интернационалец Даниел Аврамовски одигра одличен меч за Болуспор во триумфот од 3-1 против Алтај во 32. коло од турската Прва лига.

Алтај поведе во завршницата на првото полувреме, а потоа Болуспор направи комплетен пресврт, благодарејќи на Аврамовски.


Тој погоди за 1-1, потоа му асистираше на Оуларе за 2-1, по што беше стрелец и на третиот погодок за Болуспор.


Аврамовски досега постигна седум гола и забележа една асистенција за Болуспор во турското првенство.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови