Connect with us

Роналдо го откри најтешкиот противник во кариерата: „Тој не ти дава да дишеш ниту една секунда“

Кристијано Роналдо е еден од најдобрите играчи на сите времиња, а Португалецот во текот на својата богата кариера се соочи со многу големи играчи.


Кошмар е за дефанзивците да чуваат мајстори како Роналдо. Многумина паднаа на тој испит, но има и такви кои можат да се пофалат дека имале исклучителен биланс кога се во прашање дуелите со Португалецот.

Ако го прашате самиот Роналдо, тој нема проблем да каже кој е најтешкиот ривал што го имал во кариерата. Се врати на своите славни денови во англиската Премиер – лига кога го носеше дресот на Манчестер Јунајтед.

„Водев големи битки со него низ годините. Тој човек не ти дава ниту една секунда да здивнеш. Беше толку тврд борец и беше на својот врв, брз, тежок во дуелите. Знаев дека никогаш нема да биде лесно против него. Дефинитивно Ешли Кол е најтешкиот противник со кој сум се соочил“, откри Роналдо.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови