Connect with us

Хет-трик на Левандовски за триумф на Барса против Валенсија (ВИДЕО)

Барселона ја победи Валенсија со 4-2 во интересен дуел исполнет со шест гола. Херој на вечерта беше Роберт Левандовски кој постигна хет-трик и се погрижи за пресврт и триумф за каталонскиот тим.

Фермин Лопез во 22.минута постигна гол за водство на Барселона, но само пет минути подоцна израмни Хуго Дуро по катастрофалната грешка на Тер Штеген надвор од шеснаесетникот.

Пепелу од пенал обезбеди предност за Валенсија на полувремето, но пред да заминат тимовите на одмор, Ѓорѓи Мамардашвили доби црвен картон затоа што играше со рака надвор од казнениот простор по акцијата на Ламин Јамал.

Ова Барселона комплетно го искористи во второто полувреме, а трите гола ги постигна Левандовски. Полјакот во 49.минута израмни на 2-2, се погрижи за целосен пресврт во 83.минута, а за крај постигна и прекрасен гол од слободен удар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови