Connect with us

Ливерпул покрај тренерот, ќе си купи и уште еден играч од Феенорд

Ливерпул е исклучително блиску до комплетирање на уште еден трансфер од Феенорд за новата сезона. Откако стана јасно дека наследник на Јирген Клоп ќе биде тренерот на клубот од Ротердам, ​​Арне Слот, друштво може да му прави и дефанзивецот Лутшарел Хертруда.


Играчот може да игра на неколку позиции, бидејќи во Феенорд се истакнува како десен бек, централен дефанзивец и дефанзивен играч за врска. Хертруда е одличен и во воздушните дуели.
Ливерпул ќе мора да плати 30 милиони евра доколку Слот сака повторно да соработува со него и на „Енфилд“. Сумата може да биде толку мала бидејќи тој влегува во последната година од договорот со Феенорд.

Холандските медиуми тврдат дека англискиот гигант веќе некое време го следи Хертруда кој во исто време остава силен впечаток и во репрезентацијата. Минатото лето, Лајпциг беше блиску до потпис со дефанзивецот, но Феенорд одби да се раздели со него за помалку од 30 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови