Connect with us

Манчестер Јунајтед е подготвен да ги разгледа понудите за Маркус Рашфорд

Раководството на Манчестер Јунајтед е подготвено да ги разгледа понудите за напаѓачот на тимот Маркус Рашфорд, пренесуваат медиумите на Островот.


„Црвените ѓаволи“ не мораат нужно да се разделат со својот играч, но би ги разгледале профитабилните понуди доколку пристигнат, а особено доколку и самиот Рашфорд изрази желба да тргне по нов пат.

Оваа сезона 26-годишниот фудбалер одигра 40 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи осум гола и пет асистенции. Неговиот актуелен договор со клубот е до 2028 година. Неговата пазарна вредност е проценета на 60 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови