Connect with us

Арсенал го договори трансферот на Бењамин Шешко?

Арсенал ја продолжува трката за шампионската титула со Манчестер Сити. Арсенал е на првата позиција, има бод повеќе, но Манчестер Сити одигра еден натпревар помалку.


И додека фокусот на сите е само на оваа сезона, Микел Артета и челниците на Арсенал веќе размислуваат за летото и засилувањата кои сакаат да ги донесат во клубот, како и за одредени заминувања од клубот.

Како што стојат работите, на „Емирати“ има многу прашалници, а клубот треба да го напуштат Арон Рамсдејл, Киеран Тиерни, Нуно Таварес, Алберт Самби Локонга, Реис Нелсон и Еди Нкетија.
Освен нив, сѐ уште не е позната судбината на четворица играчи и тоа Томас Парти, Жоргињо, Емил Смит Роу и Фабио Виеира.

Секако, челниците на Арсенал активно работат на доведување на нови играчи, а по сѐ изгледа веќе е договорено едно засилување. Така барем тврдат медиумите од Англија.

Станува збор за младиот напаѓач од Словенија, Бењамин Шешко, кој игра одлично во својот клуб, а како што стојат работите кариерата ќе ја продолжи во Англија, поточно во Арсенал.

Медиумите од Англија тврдат дека преговорите се веќе завршени и дека целата работа е договорена, а поткрепени се со фотографија која ја објави менаџерот на Бенџамин Шешко.

Елвис Башановиќ, менаџерот на фудбалерот од Словенија, на својот Инстаграм профил објави фотографија од „Емирати“, а како што тврдат Англичаните, фотографијата настанала веднаш по преговорите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови