Connect with us

Арсенал му нуди нов договор на Жоргињо

Арсенал подготвува нов договор за својот играч за врска, Жоргињо. Се очекува играчот од средниот ред да ја прифати понудата и да остане на „Емирати“.


Договорот на играчот истекува во јуни и постои опција за продолжување, но Арсенал одлучи да понуди подобри услови и со тоа да го награди играчот од средниот ред за добрите игри оваа сезона.

32-годишниот играч беше важен дел од тимот на Микел Артета, имаше 23 настапи оваа сезона и забележа две асистенции, но носи сигурност во средниот ред.

Жоргињо пристигна од Челзс и иако почесто е резерва во тимот на лондончани, сепак, раководството има сериозна доверба во него.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови