Беса е нов прволигаш, сега и официјално, откако го победи Охрид Лихнидос во 27.коло со убедливи 4-0. На овој меч блескаше Емир Скендери кој постигна хет-трик, а меѓу стрелците му се придружи и Филип Алексовски.
Пелистер исто така оствари убедлив триумф, славејќи во Битола против Тетекс со 3-0. Спиркоски во четвртата минута го отвори резултатот, Симеон Христов во 21.минута зголеми на 2-0, а третиот гол беше дело на Благоја Љамчевски во 55.минута од дуелот.
Детонит Плачковица ремизираше без голови против Каменица Саса, а ФК Скопје и Победа одиграа 1-1.
Вардар Неготино беше убедлив против Осогово и победи со 3-0. Беласица беше уште поубедлива и славеше со 0-4 на гости кај Караорман. Талески, Гугуљанов, Капсаров и Милушев погодија за струмичани. Кожуф го победи Новаци со 2-1.
Арсими го победи Башкими со 2-0. Албин Рамадани во 18.минута и Емран Рамадани во 60.минута беа стрелци на головите за Арсими.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski