Connect with us

Захариевски ќе биде нов тренер на Воска

Срѓан Захариевски ќе го наследи Миљан Радовиќ на клупата на македонскиот прволигаш Воска Спорт. По поразот од Шкупи (3-0) на Чаир, раководството на клубот реши спогодбено да се раздели со Црногорецот Радовиќ, а на клупата треба експресно да седне Срѓан Захариевски.

Тој имаше одлични резултати со Струга Трум Лум, всушност тој ја направи целата реорганизација на тимот и селектираше најголем дел од фудбалерите во шампионскиот состав, а потоа беше ангажиран Шпетим Дуро, кој на крајот ја освои титулата.

Захариевски во тренерската кариера беше и на кормилото на Пелистер и на Металург.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови