Connect with us

Втора лига Запад: Жесток дуел за бараж во Охрид, Скопје на гости во Дебар

Охрид и Велешта на СРЦ „Билјанини Извори“ денеска (13 часот) ќе имаат директна пресметка за второто место на табелата во Втората лига Запад кое носи бараж за пласман во елитата. Влогот на овој меч е голем, Велешта има три бода предност пред Охрид на табелата, а домаќинот се надева дека со триумф ќе се вклучи сериозно во битката за пласман во прволигашка конкуренција.


Охриѓани играат одлично на домашен терен и Велешта е пред сериозен испит.

Лидерот Скопје по одморот во минатото коло, оди на гости кај Кораби во Дебар. Тимот на Љупчо Марковски сака да ја сочува предноста на врвот и сигурно ќе атакува на трите бода.

Интересно ќе биде и на дуелот за опстанок меѓу Дрита и Тетекс, а Гостивар на домашен терен го пречекува Велазерими.

ДВОЈКИ ВТОРА ЛИГА ЗАПАД, 24.КОЛО (13 часот)

Охрид Лихнидос – Велешта

Кораби – Скопје

Гостивар – Велазерими

Дрита – Тетекс

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови